Медведев прекина меч и побара да се поправи рефлектор (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Данил Медведев и Роберт Карбалјес Баен беше прекинат во вториот сет, откако рускиот тенисер побара да се поправи рефлекторот.

Медведев не беше задоволен од условите за игра, па побара од организаторот да го поправи рефлекторот затоа што во спротивно нема да продолжи со мечот.

Организаторите, сепак, немаа можност да го поправат и го замолија Медведев да се врати на теренот, а тој најпрво одбиваше, но потоа реши да го доигра дуелот и да обезбеди пласман во следното коло на Индијан Велс.