Медведев со непристоен потег ја изнервира публиката на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во осминафиналето на Ју-Ес Опен, откако синоќа со 3-1 во сетови славеше против Фелисијано Лопез.

Меѓутоа, Медведев на неверојатен начин го заврши мечот, откако почна да се кара со публиката. Тој во еден момент агресивно го зема пешкирот од детето што собира топчиња, по што судијата му даде предупредување.

Рускиот тенисер не застан на тоа, зашто му покажа среден прст на детето кое собира топчиња, по што публиката жестоко го навредуваше. До крајот на мечот го имаат на мета тенисерот, кој заслужи такви реакции со неговиот потег.

Публиката бараше од судијата да го казни рускиот тенисер, но тој порача дека не може такво нешто да направи, зашто неговиот потег го видел само на семафорот, а не во живо.