Мегваер се поблиску до Манчестер Јунајтед: Го пропуштил денешниот тренинг на Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната, Хари Мегваер го пропуштил денешниот тренинг на Лестер, јавија добро упатени извори од „Скај Спортс“.

Оваа вест ја потврдија и од Лестер, од каде истакнаа дека Мегваер го пропуштил тренингот поради болест, но некои медиуми веруваат дека тоа не е вистина.

„Скај Спортс“ сепак пишува дека двата клуба се уште се далеку од договор затоа што Манчестер Јунајтед нуди 75 милиони фунти плус пет милиони изразени во бонуси, додека Лестер бара сумата со бонуси да стигне до 90 милиони фунти.

Како и да е, преговорите ќе продолжат во следните денови, а Мегваер јасно им кажал на челниците на „лисиците“ дека сака да си замине од клубот.