Мекгрегор на својата сопруга за Божиќ ѝ подарил чудо вредно 154.000 фунти (ФОТО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најпознатите светски ММА-борец, Конор Мекгрегор објави на Инстаграм дека купил подарок за својата сопруга Ди Девлин по повод божиќните и новогодишните празници.

Мекгрегор не штедеше пари за својата сопруга, па ја почести со црно Ламборгини, чија вредност се проценува на 154.000 фунти.

Исто така, во објавата покажа што купил за децата. Станува збор за безброј играчки, кои не можеше да ги собере на една фотографија, па Мекгрегор мораше да фотографира повеќе пати.

Големата УФЦ-ѕвезда пред неколку дена реши да подари 25.000 фунти на заедницата на бездомници во Даблин.

Покрај парите 31-годишниот борец донирал и ваучери со кои децата со посебни потреби може да добијат бесплатни играчки.