Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џон Мекинро е последниот во низата тениски легенди кои го кажаа својот став за депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија.
Мекинро беше соговорник на Матс Виландер и неговата колешка, а темата беше за ситуацијата на Ѓоковиќ и шансите да се врати и да освојува трофеи кога е речиси невозможно без вакцина.
„Се сеќавате дека пред неколку години го немаше никаде. Освои четири турнири по ред, па една година никој не можеше да победи и потоа се врати посилен од било кога. Во Австралија сакаше да го брани трофејот…“, вели Мекинро.
Мекинро кажа дека ова ќе има влијание врз Ѓоковиќ.
„Нема сомнеж дека ова ќе го погоди, сега постои неизвесност околу Ролан Гарос и Вимблдон. Ѓоковиќ се трудеше сите да го сакаат, но не знам што ќе биде понатаму“, кажа легендата.