Мелбурн „гори“ поради Ноле: Пуштете го Ѓоковиќ да игра! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е затворен во ужасен хотел со мизерни услови во Мелбурн, каде што биле сместувани мигранти.

Ѓоковиќ во моментов е во изолација и не може да го напушти хотелот во Мелбурн, а тоа предизвика бура на незадоволство, па пред хотелот протестираат луѓе и испраќаат пораки за поддршка.

Српските државјани со пораки побараа Ѓоковиќ да биде пуштен на Австралијан опен, иако мала е веројатноста дека ќе се случи тоа. Сепак, имаше и такви кои го навредуваа Србинот и побараа да биде депортиран.

„Ѓоковиќ е*и се… Пуштете го Ѓоковиќ нека игра…“, се само дел од пораките.