Мелоун: НБА мора да истражи што прави Ембид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун ја повика НБА-лигата да го истражи отсуството на центарот на Филаделфија, Џоел Ембид.

Ембид го пропушти мечот против Денвер затоа што во последен момент реши да не настапи, наводно поради повреда на коленото.

„Чувствувам дека имаше разочарување кога дознавме дека Ембид нема да игра. Не знам каде оди од тоа да бидеш активен, до тоа да не играш за краток период. Сигурен сум дека НБА-лигата треба да го истражи тоа што го прави Ембид“, кажа Мелоун.