Мендеш доби страшна понуда за Фати, но кажа – не!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати има голем потенцијал и многумина сметаат дека ќе стане голема ѕвезда на каталонскиот клуб.

Иако уште нема 18 години, сепак младиот фудбалер беше желба на неколку тимови, а „Марка“ објави дека неговиот агент Жорж Мендеш добил понуда од 150 милиони евра.

Меѓутоа, ниту Мендеш, ниту Барселона не ја разгледувале долго време понудата и веднаш ја добиле, а засега се шпекулира дека на таков потег се решил Манчестер јунајтед, иако нема официјална потврда.

Клаузулата во договорот на Фати, кој го потпиша пред неколку дена, е зголемена на 400 милиони евра, откако претходната му беше 170 милиони евра.