Менез во новиот клуб остана без уво! (Вознемирувачка фотографија)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна Жереми Менез го напушти Милан, сега може да зажали поради таа одлука.

Дебитираше Жереми Менез за Бордо и ова деби долго ќе го памети.

Поранешниот играч на Рома, Милан и ПСЖ мораше да ја напушти играта поради повреда, бидејќи во еден нејасен инцидент во вториот дел од играта остана без дел од своето уво!

“На Жереми Менез му е оштетен дел од увото во текот на мечот со Лориен, што доведе до рано излегување од игра во 77 минута.

Медицинскиот персонал ќе побара стручно мислење дали на новиот играч на Бордо е потребна операција“, се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Менез пред само два дена потпиша договор со Бордо.

Во продолжението погледнете ја фотографијата, на која јасно може да се види страшната повреда на францускиот фудбалер.