Мерцедес ги претстави „црните стрелци“ за новата сезона 📸

Екипата на Мерцедес го претстави болидот W12, со кој ќе се обиде да ја освои осмата титула по ред во шампионатот на конструктори, а нивниот возач Луис Хамилтон ќе ја брка осмата титула.

Мерцедес ја задржа црната боја од минатата сезона, со која сакаше да даде поддршка во борбата за еднаквост и борба против расизам.

Хамилтон минатата сезона го израмни рекордот на Михаел Шумахер по број на шампионски титули и број на победи, а годинава ќе се обиде да постави нов рекорд.