Мертенс: Елмас е силен и му верувам, но се случува понекогаш да мора да го „разбудам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Елиф Елмас го засили Наполи пред две ипол години од Фенербахче за 16 милиони евра, а под водство на тренерот Лучано Спалети покажа всушност зошто италијанскиот тим реши да го купи.

Елмас го реши дербито против Милан на „Сан Сиро“ со неговиот гол во петтата минута, а неговиот пример Дрис Мертенс го пофали Македонецот за неговите одлични настапи, а притоа кажа и дека мора да го „разбуди“ понекогаш затоа што нашиот репрезентативец е заспан.

„Му верувам на Елмас, тој е силен фудбалер, ама понекогаш морам да го разбудам. Тој не смее да заспива, мора да е постојано буден. Оваа година јас тоа го правам и добро ни оди, плус шефот има доверба во него. Тука се и Кулибали и Инсиње, кои се грижат за доброто на Наполи“, кажа Мертенс.