Меси: Ансу Фати ме воодушеви уште на првиот тренинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фату, се најде во центарот на вниманието после дебито на само 16 години за каталонскиот клуб.

Ансу Фати доби шанса во првиот состав на каталонскиот клуб после проблемите на Ернесто Валверде кои ги имаше со повредените играчи. Младиот тинејџер на Барселона го искористи тоа на најдобар можен начин и веќе постигна два погодоци во домашното првенство.

Тој дебитираше и во Лигата на Шампионите што е доказ дека во Барселона можат многу да очекуваат од него. Меѓутоа, многумина мислат дека Фати не треба премногу да се форсира и да се врши притисок над него за кариерата да не тргне во некој непосакуван правец.

За него вчера зборуваше и Лионел Меси и многумина шпекулираат дека Фати би можел да биде негова замена. Аргентинецот на својот соиграч му даде јасен совет што треба да направи.

„Ансу Фати од почетокот го доби моето внимание. Кога го видов на првиот тренинг, сфатив дека се работи за многу талентиран играч. Меѓутоа, тој мора да се движи чекор по чекор, бидејќи има само 16 години. Има потенцијал да биде одличен играч, но сите мораме да му помогнеме. Не смееме да вршиме притисок на него!“, изјави Меси.