Меси доби нов тренер во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Херардо Тата Мартино ќе биде нов тренер на Интер Мајами, а тоа го потврдија од американскиот тим.

Мартино повторно ќе работи со сонародникот Лионел Меси и ќе има задача да ги поправи резултатите на Интер Мајами.

„Тата Мартино е многу почитувана личност во нашиот спорт. Неговите резултати зборуваат сами за себе. Ние сме уверени дека неговите достигнувања во играта и искуството како главен тренер ќе го инспирираат нашиот тим. Знаеме дека Мартино ќе има големо влијание на и надвор од теренот“, кажа Дејвид Бекам.