Меси го гледаше Ѓоковиќ во Мајами, Србинот веднаш му испрати порака

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Мајами, откако по два сета го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:2, 6:3.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел Меншик – Фриц, а Ѓоковиќ во недела ќе се обиде да стигне до својата 100. титула.

Српскиот тенисер по победата истакна дека му е драго што од трибините го гледаше еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

– Ми е драго, голема чест и задоволство е да играм пред него, мислам прв пат во кариерата во живо. Благодарен сум му што беше овде, му се восхитувам, како и поголемиот дел од светот, во текот на целата кариера. Неверојатно е што уште игра, убаво е што беше – изјави Ѓоковиќ.