Меси го терале да „бега“ низ задна врата, а тој ги изненадил со неговиот потег!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси пред неколку дена беше главна тема во Аргентина, откако го забележаа во ресторан, па дури 5.000 луѓе се собраа за да го поздрават нивниот херој од Мундијалот во Катар.

Од обезбедувањето му препорачале на Меси да излезе од задната страна за да ги избегне луѓето кои се наоѓале пред ресторанот, но Аргентинецот не го прифатил тоа.

„На Лео му понудија да излезе од задната врата, но тој ги одби. Нема шанси да излегувам од задната страна, ако ништо друго, сакам да ги поздравам овие луѓе, кажа Меси“, открива аргентинскиот актер Адријан Суар.

Аргентина в петок игра против Панама, а за дуелот биле испратени над милион ипол барања за влезници.