Меси и другарите поради лажно ветување целосно ги игнорираа Сетиен и неговите помошници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на почетокот на годината реши да му даде отказ на Ернесто Валверде, а на негово место пристигна Кике Сетиен. Тоа многумина ги изненади затоа што сите очекуваа на кормилото да седне Чави Ернандез.

Чави беше во преговори со Барселона, но на крајот одби понуда и порача дека засега не е подготвен за таков чекор во кариерата.

Меѓутоа, по таа „корпа“, клубот се најде во проблем. Тие на овој начин ги изневерија фудбалерите и не го испочитуваа договорот со Меси и соиграчите.

„Кадена СЕР“ пишува дека играчите на Барселона се согласиле Валверде да добие отказ, но само во случај ако на негово место пристигне Чави и никој друг.