Меси има три опции за неговата иднина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на Барселона нема по добро да го паметат 5 август бидејќи најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси нема да остане во каталонскиот тим.

Иако неодамна имаше шпекулации дека ќе потпише договор со 50 проценти помала плата, сепак на крајот пристигна неочекувана вест од Барселона за разделба со најдобриот фудбалер кој го имаат.

„Иако имаше договор меѓу Барселона и Меси, односно двете страни сакаа да ја продолжат соработката, тоа нема да може да се реализира поради економски и правни проблеми“, соопштија од Барселона.

Меси има три опции, а се шпекулира дека најблиску е до Манчестер сити, кој бара нов напаѓач и би можел да го добие Аргентинецот целосно бесплатно.

ПСЖ има финансиски проблеми и минус од 200 милиони евра, па клубот мора да продава фудбалери за да го добие Меси и тие се втор фаворит за неговиот потпис.

Трета опција за Меси е МЛС-лигата, но американските клубови имаат најмали шанси за преселба кај нив.