Меси испиша историја во Јужна Америка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси стана првиот фудбалер од континентот кој постигна најмалку 80 голови за неговата репрезентација.

Аргентинецот постигна гол во дуелот против Уругвај (3-0), а останатите два погодоци беа дело на Родриго Де Пол и Лаутаро Мартинез.

„Одигравме одличен натпревар. Сѐ функционираше совршено. Уругвај ја чекаше својата шанса и тогаш се опасни, но откако го постигнавме првиот гол, веднаш стана полесно“, вели Меси.

Аргентина во 24 меча е без пораз, а благодарение на ремито на Бразил во Колумбија, се намали разликата зад најголемиот ривал на шест бодови во борбата за прво место во јужноамериканските квалификации за Светското првенство (СП) во Катар во 2022 година.