Меси кажа кој клуб ќе му биде последен во кариерата

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во разговор со медиумите откри дека сака да ја заврши кариерата во Интер Мајами.

Меси има договор со екипата од МЛС-лигата до 2025 година, но и опција да ја продолжи соработката на уште една година.

„Мислам дека Интер Мајами ќе биде мој последен тим, но сè уште е рано за пензија“, кажа аргентинскиот репрезентативец.

Меси оваа сезона постигна 12 гола и 13 асистенции на 12 натпревари за Интер Мајами.