Меси кажа што е важно за него за да потпише нов договор со ПСЖ – не се милионите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но засега не е познато дали ќе потпише нов.

Раководството на францускиот гигант имаше средба со таткото на Меси, Хорхе во декември, но не постигнаа договор.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објасни зошто се случило тоа и што му е важно на Меси за да остане во Париз.

„Меси доби понуда од ПСЖ за нов договор и не бараше плата како останатите. Во овие преговори главен фактор не се парите, туку го интересира како ќе изгледа екипата следната сезона ако го продолжи договорот“, објави Романо.