„Меси? Ма каков Меси, се знае кој е најдобар играч на светот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Португалија во финалето на Лигата на нации ја совлада Холаднија со минимални 1-0, а единствениот гол го постигна Гуедеш. Така Португалија стана првата селекција што го освоила овој трофеј.

Но, многумина беа изненадени што Роналдо не ја доби наградата за најдобар играч на турнирот после фантастичното издание во полуфиналето против Шведска.

Оваа награда отиде во рацете на неговиот соиграч Бернардо Силва, а веројатно поради тоа што Роналдо не играше во групната фаза на ова натпреварување.

После мечот неговиот соиграч Рубен Невер се најде во центарот на вниманието бидејќи почна за зборува дека Меси не е ни приблжно добар како Роналдо.

„Роналдо е најдообар играч во светот и за мене нема дилеми. Едноставно не гледам дека некој е подобар од него. Меси? Ма, каков Меси, тој не е добар како Роналдо“, изјави Невес.