Меси на иста маса ги седна главните луѓе на Барселона и Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Барселона одржа состанок со главните луѓе на Ла Лига на кој се разговарало за можноста Лионел Меси да се врати во каталонскиот клуб.

Барселона сака да го врати Меси, а тоа би било добро и за Ла Лига, но првиот човек на лигата, Хавиер Тебас кажа дека каталонскиот тим мора прво да си ги среди финансиските проблеми.

Состанокот меѓу двете страни траел еден час и 15 минути, а Барселона ја претставувале спортскиот директор Матеу Алемани и финансискиот директор Феран Оливе, додека на спротивната страна бил генералнито директор на лигата, Оскар Мајо.

Меси е отворен за идејата да се врати на „Камп Ноу“, но сега сè останува на Барселона.