Меси никако не може да игра во Премиер лигата: Аналитичарите потврдија, овие податоци нема да му годат…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои таа приказна за која често во Англија се дебатира кога е во прашање Лео Меси. Како што се наведува, тамошниот фудбал не би му одговарал. Меѓутоа, ова се бројки кои треба да му се кажат во лице…

Меси вчера со два погодоци го дотолчи Ливерпул, кој сигурно заслужи повеќе, меѓутоа, токму класата на Аргентинецот напарави разлика.

Тој стигна до 600 погодоци во кариерата, а приказната дека е лесно да се постигнуваат погодоци во Шпанија, особено во Барселона која игра напаѓачки фудбал, често го слушаме, особено во медиумите на Островот.

Како што се наведува, можеби и не мора да игра во Премиер лигата, доволна е Лигата на шампионите.

Аргентинецот, верувале или не, во дуелите против топ 6 екипите во Премиер лигата постигнал 26 погодоци во Европа.

А сега да се вратиме на најдобрата лига на светот, единствен поефикасен од него, но и тие кои играат во Англија, од недела во недела се Агуеро со 43 и Варди со 31 погодоци. Сите останати напаѓачи во ПЛ постигнаа помалку погодоци против екипите од олемата шесторка од Меси.

На пример, Крауч постигна 23, а Кејн 22 погодоци.

За овој податок не треба дополнително објаснување…