Меси ниту овој трофеј не го освои! Чиле повторно на врвот, Аргентина промаши два пенали

Репрезентацијата на Чиле ја одбрани титулата на Копа Америка. Чилеанците во финалето беа подобри од Аргентина на пенали со 4:2.

Во 28-ма минута Чиле остана со фудбалер помалку, Марсело Диаз поради втор жолт картон замина на туширање, а 15 минути подоцна му се придружи и Маркос Рохо. На полувреме се замина без погодоци, продолжението донесе подобра игра на Чиле, но мрежите не беа затресени во регуларните 90 минути. Пеналите го одлучија победникот, а на крајот тоа беше Чиле. Кај Чиле промаши Артуро Видал, кај Аргентина, Лионел Меси, а одлучувачкиот пенал за победа на Чиле го промаши Лукас Биља.