Меси објасни зошто Барселона игра лошо сезонава

Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси на почетокот на новата сезона има многу проблеми со повреди. Сепак, синоќа против Интер се појави на теренот и одигра добар меч во победата на Каталонците од 2-1.

По важниот триумф во Лигата на шампиони, Меси зборуваше за лошите настапи на тимот сезонава и објасни зошто се случува тоа.

„Кога премногу патувате – не тренирате добро. Во претсезоната имавме таков проблем. Бевме до Јапонија, па се вративме во Шпанија, а потоа бевме во САД. Меѓутоа, полека се адаптираме и ова не е никаква критика за клубот, знам дека е реалнот и така работат големите екипи“, кажа Меси.

Барселона сега сака да ја продолжи серијата и во текот на викендот, додека во елитното натпреварување игра против Славија Прага во следното коло.