Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси денеска се збогуваше со Барселона на прес-конференцијата. Аргентинецот заминвуа од каталонскиот тим по 21 година и најверојатно следната сезона ќе игра во ПСЖ.
На почетокот на прес-конференцијата се расплака, па порача дека му е многу тешко поради тоа што си заминува од Барселона.
„Не знам ниту што да кажам, не сум подготвен за ова. Тешко е да се соочиш со ова. Последната година беше многу тешка поради ситуацијата од минатото лето. Јас и моето семејство верувавме дека ќе останеме тука затоа што ова е мој дом. Овде ни беше прекрасно, но морам да кажам збогум. Цел живот сум тука од мојата 13 година. Би сакал да се вратам и да бидам дел од овој тим. Искрено, заборавам многу работи кои сакам да ги кажам…“, кажа Меси.