Меси по победата: Ни недостига еден меч за да си ги оствариме соништата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси постигна гол и асистираше за уште еден во победата на Аргентина против Хрватска од 3-0 со која обезбеди финале на Мундијалот.

Меси ќе има шанса да се бори за пехарот на Светското првенство (СП) кој му недостига во богата колекција, а по мечот со Хрватска кажа дека е пресреќен.

„Многу сум возбуден поради ова. Сакавме пласман во финале. Нашите навивачи и семејства веруваа во нас. Искусивме нешто посебно и ни недостига еден меч за да ги оствариме нашите соништа. Баравме од луѓето да веруваат во нас, овие фудбалери се луди“, кажа Меси.