Меси потпиша за Интер Мајами и доби плата од која „боли глава“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси потпиша две ипол годишен договор со Интер Мајами, иако долго време се шпекулираше дека ќе се пресели во Барселона.

Меси кажа дека е возбуден поради новиот предизвик во кариерата, а според договорот со Интер Мајами ќе заработува по 50-60 милиони долари годишно.

Аргентинецот се очекува да дебитира за Интер Мајами на 21 јули.

„Пред 10 години, кога почнав да го градам тимот, сонував да ги донесам најдобрите играчи во Мајами и конечно ми успеа тоа. Си го остварив сонот“, кажа газдата на тимот, Дејвид Бекам.