Меси: Сите се мотивирани и сакаат да ја победат Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина славеше со 1-0 против Еквадор во квалификациите за Светското првенство (СП), а единствениот гол на мечот го постигна Лионел Меси.

Меси од слободен удар во 78. минута го матира голманот на Еквадор и така донесе големи три бода за својата репрезентацијата.

„Знаевме дека ќе биде тешко. Еквадор е одличен тим. Уште на последните квалификации покажаа дека имаат квалитет. Сите се мотивирани против Аргентина. Сега кога сме светски шампиони, сите сакаат да нè победат“, вели Меси.