Меси со „потег повеќе“ ја исфрли Барселона од ЛШ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту најголемите фудбалски експерти не веруваа дека Барселона може да доживее ваков дебакл против Ливерпул, но „црвените“ заслужија да се пласираат во финале на Лигата на шампиони.

Ливерпул целосно ги уништи противниците, а на крајот славеа со 4-0 и се пласираа во ново финале, кадешто ќе бидат фаворит без разлика кој ќе игра на спротивната страна.

Меѓутоа, ќе беше поинаку за Барселона доколку во 16. минута Лионел Меси погодеше зицер. Ливерпул водеше со 1-0, а Барселона имаше напад и ситуација, од која од 100 обиди, дури 99 пати постигнуваат погодок.

Тие беа во позиција четири на два, но Меси направи потег повеќе, а фантастичниот Вирџил Ван Дајк успеа да му ја одзземе топката.