„Ми бараа 50.000 марки за да играм на СП во Париз“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аналитичарот Раде Богдановиќ често го критикува селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, а сега во разговор со медиумите откри еден непознат детал од минатото.

Богдановиќ кажа дека пред Светското првенство (СП) во 1998 година му биле побарани 50.000 марки за да игра на турнирот.

„Да, тоа е вистина. Како што кажав и претходно, ми бараа 50.000 марки за да играм за репрезентацијата. Тоа ми го соопшти синот на тогашниот генерален секретар на селекцијата, Бата Булатовиќ. Секако дека не платив, а тие на Мундијалот повикаа играч кој дотогаш не го носел дресот на репрезентацијата“, кажа Богдановиќ.