„Ми понудија торба со пари за да го продадам финалето на Црвена Звезда“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот голаман голман на Црвена Звезда, Стеван Стојановиќ откри неверојатнио детали од финалето во Лига на шампиони од 1991 година, кога српскиот тим ја освои титулата со победата против Марсеј по пенал-рулетот.

Стојановиќ речиси 30 години подоцна откри дека му нуделе голема сума на пари за да го „продаде“ финалето кое се играше во Бари, а Ц. Звезда ја освои европската круна.

„Интересна увертира имав пред финалето во Купот на европските шампиони во Бари. Сакаа да го купат натпреварот и ме одбраа мене. Знаеја дека голманот е последната пречка. Никогаш не помислив дека некој е подготвен такво нешто да ми понуди, Кога го добив повикот, ми рекоа дека имаат нешто за мене. Мислев дека ме бараат на разговор за нов клуб бидејќи имав дозвола од Црвена звезда на крајот од сезоната да заминам во странство“, открива Стојановиќ.

„Бев со Роберт Просинечки, пиевме кафе. Кога заминав со нив во соба и кога ми го покажаа коферот, не ми беше добро. Тоа беа многу пари, но не потклекнав. Сите тие беа наши луѓе, но најмени од Французите. Воопшто не се возбудија кога ги одбив. Знаете што ми рекоа? Не мораш да ги земеш парите, но ние ќе кажеме дека си ги земал и се ќе излезе во весниците. Како и да заврши натпреварот ти ќе бидеш виновен.  Јас не се согласив на уцената, а потоа никогаш не ги видов тие луѓе“, заврши српскиот голман.