Михајловиќ: Си го сонував погребот, и тоа неколку пати!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот српски фудбалер и сегашен тренер, Синиша Михајловиќ се избори со леукемијата и се врати во тимот на Болоња.

Михајловиќ во интервју за италијански „Скај Спорт“ повторно зборуваше за тоа низ што минал во текот на борбата против леукемијата, силните емоции, желбата за живот.

„Практично сум роден двапати, прво во февруари 1969 година, а потоа 50 години подоцна, на 29 октомври 2019 година. Ќе видите силен човек да плаче и тоа е посебна работа. Јас со болеста научив да ги покажувам емоциите, научив да плачам и да не ми е срам“, вели Михајловиќ.

Михајловиќ тешко можел да заспие и навечер, додека се бореше против леукемијата.

„Си го сонував сопствениот погреб, и тоа неколку пати“, открива Србинот.