„Милан е еден од најдобрите тимови во свет, мора да ги нападнеме каде што се најранливи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва во Лига на шампиони се игра големото дерби меѓу Атлетико Мадрид и Милан во групата Б. Шпанскиот тим во првото коло одигра реми со Порто, додека италијанската екипа загуби од Ливерпул.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се надева дека ќе освојат три бода во големото дерби, а тоа ќе биде голем чекор во борбата за првите две позиции во групата.

„Ќе играме против Милан, еден од најдобрите клубови во светот, тим кој напредува во последните години. Знам дека нема да биде лесно,м ќе биде тежок натпревар, ние ќе мораме да ги нападнеме таму каде што се слаби“, вели Симеоне.