Милан го бркаше цело лето, па конечно потпиша со новиот „Де Брајне“ (Фото)

Италијанскиот шампион конечно го комплетираше трансфеорт на Шарл Де Кетелар од Клуб Бриж за 36 милиони евра.

Ова е едно од најголемите засилувања во ерата на Паоло Малдини, кој го донесе новиот „Де Брајне“ во екипата од Милано.

Белгиецот потпиша договор до 2027 година и ќе го носи дресот со број 90, а претходно ја мина академијата на Клуб Бриж и играше за првиот тим од 2019 година.

Де Кетелар одигра 120 меча и постигна 25 гола, при што трипати ја освои белгиската лига и двапати Суперкупот на Белгија, а во 2020 година дебитираше и за репрезентацијата.