Милан го договори Лофтус-Чик, па тргна по уште еден фудбалер на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калчолигашот Милан ова лето сака да создаде поконкурентен тим за следната сезона во Серија А. „Росонерите“ веќе го ангажираа Спортиело, а го договорија и Лофтус-Чик, но тука нема да запрат затоа што на листата со желби имаат уште еден фудбалер на Челси.

Кристијан Пулишиќ се покажа како големо разочарување по пристигнувањето во Лондон од Борусија Дортмунд.

Американскиот фудбалер никогаш не ги повтори настапите од „милионерите“, па затоа ќе биде продаден ова лето, а Челси за негов трансфер бара 25 милиони евра.

Милан е подготвен да плати 20 милиони евра, но тоа не е доволно, па „росонерите“ во следните 48 часа ќе се обидат да испратат нова понуда која ќе ги задоволи барањата на „сините“.