Милан го продава најдобриот, ова е цената!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После доаѓањето на Лападула, Милан одлучи да го продаде играчот кој можеби во изминатата сезона остави најдобар впечаток.
Карлос Бака би можел да го напушти Милан.

Поточно, клубот ги известил неговите менаџери дека сака да го продаде, а ниту цената не е превисока, околу 25 милиони евра.
За што се работи?

“Росонерите” во Бака вложија околу 30 милиони евра, ја платија клазулата на Севиља, тој постигнуваше голови, но и самиот не е задоволен на “Сан Сиро”. Покрај тоа неговата форма падна во вториот дел од сезоната, направи неколку проболеми, да се потсетиме на ситуацијата кога нервозно реагираше поради замена.

Но, Милан сака да го врати вложеното бидејчи сака помлад напаѓач, Бака има 30 години и ова е последна шанса нешто да се заработи од него. Колубмбиецот во Милан има примања кои изнесуваат скоро четири милиони евра со бонусите што го оптеретува буџетот на “Росонерите”.

Навивачите пак се надеваат дека со продавањето на Бака се ослободува место за Златан Ибрахимовиќ.