Милан го реши Тотенхем, Баерн со еден гол го освои Париз (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва беа одиграни првите два меча во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а Милан славеше против Тотенхем со 1-0, додека со истиот резултат победи Баерн Минхен на гости кај ПСЖ.

Милан славеше во дуелот против Тотенхем со погодокот во седмата минута на Брахим Дијаз, а Тотенхем имаше неколку шанси да се врати во игра, меѓутоа не успеа.

Во Париз немаше многу интересен фудбал, а Баерн беше подобар противник на теренот и заслужено победи со голот на Кингсли Коман во 53. минута од дуелот.