Милан го „жртвува“ Чаланоглу за да добие талентиран фудбалер од Бундеслигата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Милан се подготвува за следната сезона во која сака да се бори за пласман во Лигата на шампиони, а тоа ќе биде тешка задача за тренерот Марко Џампаоло, меѓутоа управата на клубот се труди да му направи конкуретен тим.

Во таа намера може да им помогне и Хакан Чаланоглу, кој би можел да биде „жртвуван“ за да го ангажираат фудбалерот на Лајпциг, Дајот Упамекано.

Одличниот фудбалер има 20 години и важи за еден од најталентираните во светот, кога станува збор за одбранбени фудбалери.

„Росонерите“ немаат да платат 30 милиони за него, па се надеваат дека со Чаланоглу ќе го убедат Лајпциг да го пушти Упамекано.

Лајпциг е заинтересиран за Чаланоглу, па останува да видиме дали двете екипи ќе успеат да се договорат на крајот.