Милан година ипол води преговори, но договор – нема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан има добар почеток на сезоната и најави дека ќе се бори за висок пласман и сезонава во Серија А, но се соочува со уште еден случај како тој на Џанлуиџи Донарума, кој си замина бесплатно од екипата.

Спортскиот директор Паоло Малдини кажа дека преговара со менаџерот на Франк Кеси, односно еден од најважните фудбалери на Милан.

Кеси има договор до крајот на актуелната сезона и доколку Милан сака да го задржи, тогаш ќе мора да му го продолжи договорот.

Малдини откри дека година ипол водат преговори со менаџерот на Кеси, но договор засега – нема.

„Разговараме со менаџерот на Кеси веќе година ипол, имавме многу состаноци и ќе имаме и во иднина, но договор засега нема“, вели Малдини.