Милан и Јунајтед во клинч, причина е одличниот везист!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Манчестер Јунајтед и Милан го следнат везниот играч на Бреша, Сандро Тонали.

Тој блескаше минатата сезона во Серија Б, па доби повик и во репрезентацијата, а голем број на клубот покажаа интересирање.

Сепак, сите одлучија да го погледнат првин во Серија А, па така Јунајтед и Милан продолжија да покажуваат големо интересирање.

Тонали пружа одлични партии на највисоко ниво во Италија, а се чини дека и во Бреша се свесни дека во наредното лето тешко ќе го задржат во своите редови.

Останува да видиме каде ќе заврши овој италијански фудбалер.