Милан им се налути на судиите: Како може ВАР да не забележи гол со рака!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан испушти голема шанса да му избега на Интер откако одигра 1-1 против Удинезе на „Сан Сиро“, но раководството на „росонерите“ не беше задоволно затоа што на ривалот му беше признат гол со рака.

Удоги постигна гол со рака, а ВАР-технологијата не реагираше, па главниот судија Маринели покажа на центарот на теренот.

„Тоа беше чиста игра со рака. Фудбалерот на Удинезе постигна гол со рака. Неверојатно е тоа како ВАР не го забележа моментот. Тоа е сериозна грешка, ВАР е создаден да не се случуваат такви работи. Ова не е првпат да бидеме казнети поради нечија грешка“, кажа тренерот на Милан, Стефано Пиоли.