Милан има идеја за стопер, ќе мора да побрза, цената му расте!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Практично Кинезите сега се заложници на Берлускони, им се брза да го отпочнат преодниот рок, но договор нема.

Дополнително работата ја отежнува болеста на Берлускони, тој и понатака не одлучи дали ќе го продаде клубот.

Емисарот Галатиото кој настапува како преговарач и човекот кој треба да ја зклучи зделката меѓу двете страни е во Италија, но работите не се поместуваат напред.

Времето истекува, Кинезите имаат многу конкретни планови за преодниот рок, Унаи Емери им избега, имаат договор со Мануел Пелегрини, но ништо не може да биде формилазирано додека купувањето не биде официјално.

Да кажеме и дека на списокот на засилувања беше одличниот германски репрезентативец Мустафи, неговата цена е околу 15 милиони евра, толку бараше Валенсија.

Но, некогашниот играч на Сампдорија, во неделата даде гол против Украинците, се препоставува дека цената ќе му порасне, а во трката се вклучија и богатите клубови од Милано.