Милан ја испрати последната понуда: Кеси сам ќе реши дали ќе остане или ќе си оди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан игра одлично сезонава и се бори за Скудетото, а во моментов е на делба на првата позиција со Наполи.

„Росонерите“ би можеле да се соочат со проблеми на крајот на сезонава затоа што постои шанса да останат без уште еден фудбалер, кој има договор до јуни 2022 година, а тоа е Франк Кеси.

Познато е дека Милан долго време преговара со Кеси и сака да му ја продолжи соработката, но италијанските медиуми пишуваат дека „росонерите“ го губат трпението и му ја испратиле последната понуда.

Кеси ќе потпише петгодишен договор со плата од 6,5 милиони евра годишно, а тој не е премногу задоволен поради тоа бидејќи сака плата од 8,5 милиони евра годишно.