Милан ќе добие стадион со капацитет за 70.000 навивачи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Милан ќе гради нов стадион, а истиот ќе има капацитет за 70.000 навивачи.

Извршниот директор на „росонерите“, Гери Кардинале најави дека клубот ќе добие нов дом, а тоа ќе биде добро за Милан, но и за цела Италија.

„Тоа треба да биде добро за Милан, но и за Италија и Серија А“, кажа Кардинале.

Милан и Интер веќе некое време размислуваат да заминат од култниот стадион „Сан Сиро“.