Милан ќе купи дефанзивец од Верона и напаѓач од Астон вила


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Милан ќе биде активен во јануарскиот проден рок поради лошите резултати и проблемите со повреди.

„Росонерите“ најпрво пронајдоа засилување во одбраната и го вратија Габија од позајмица, а сега го договориле и Филипо Терачано од Верона за 4,5 милиони евра плус еден милион во бонуси.

Италијанскиот гигант планира да се засили и во нападот, а наводно е подготвен да плати 17 милиони евра за Јон Дуран од Астон вила.