Милан ќе остане со празни раце, Реал Мадрид си го враќа Дијаз?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан се надеваше дека може да го откупи Брахим Дијаз, но Реал Мадрид сака да го задржи талентираниот фудбалер по неговите одлични настапи.

Реал Мадрид го ангажира Дијаз од Манчестер сити во јануари 2019 година, но тој не доби вистинска шанса во шпанскиот гигант, по што замина во Милан.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека шпанскиот клуб е задоволен со напредокот на Дијаз во Милан и сака да го врати во екипата за следната сезона.

Милан планира да испрати понуда од 16 милиони евра плус бонуси за Дијаз, но „кралевите“ најверојатно ќе го одбијат предлогот и ќе го вратат нивниот фудбалер.