Милан конечно ќе „воскресне“: Шеик „тежок“ 335 милијарди долари ги купува „росонерите“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Шеикот Амад Бин Али Ал Тани, член на катарската државна управа за инвестиции, откри дека сака да купи клуб од италијанската Серија А.

„Росонерите“ во моментов се во сопствеништво на американскиот фонд „Елиот Менаџмент“, кој во основа ја презема контролата над клубот минатата година, кога претходниот сопственик Јонгхонг Ли не го врати кредиот.

Се шпекулираше дека газдата на „Луј Витон“ планира да го купи Милан, а сега познатиот новинар Маурицио Писточи тврди дека токму шеикот е блиску до италијанскиот клуб.

„Се надевам дека набрзо ќе го купи италијанскиот клуб. Му се допаѓаат тимови кои играат во црвен дрес“, открива италијанскиот новинар во јавност.

Чисто информативно, околу 335 милијарди долари има богатство шеикот кој сака да го купи Милан.