Милан мора да продаде еден од двајцата напаѓачи за да ослободи место за Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е пред враќање во редовите на Милан, барем според пишувањето на медиумите во Италија.

Иако преговорите се далеку од готови, искусниот напаѓач одлучил да ја прифати понудата од редовите на Милан.

38 годишниот фудбалер со сигурност ќе биде стартер во Милан, а неговото доаѓање ќе значи и крај за некој од двајцата напаѓачи кои во моментов се на „Сан Сиро“.

Криштоф Пјонтек или Рафаел Леао ќе треба да си заминат во јануарскиот преоден рок за да ослободат место за искусниотнапаѓач.