Милан му ги мати сметките на Бекам и тргнува по фудбалер на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека од редовите на Милан се заинтересирале за услугите на Давид Силва од Манчестер Сити.

Шпанецот веќе беше виден како прво големо засилување за тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, но понудата од Милан би можела да го натера да остане уште некоја сезона во Европа.

Според „Калчомеркато“ челниците на Милан веќе започнале разговори со агентот на играчот и му ги понудиле условите кои се подготвени да му ги дадат на играчот за да потпише за нивниот тим.

Силва иако е во зрели играчки години со сигурност би бил огромно засилување за тимот на Милан кој и оваа сезона мака мачи во Серија А.